| |

Ковачев: Иницијатор на црните листи во РС Македонија е претседателот Пендаровски

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивните служби, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“. Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев за бугарската телевизија БТВ.

Според него, на овие списоци имало и европратеници. Ковачев нагласи дека во нив се 99 отсто Бугари.

„Ако кажете дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, нема да можете да влезете во Македонија, може да воведат декларации на граница и ако потпишете дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, нема да можете да влезете во државата,“ додаде Ковачев.

Слични Објави