Одложено судското рочиште за случајот со нападот на Пендиков-бранителите на Спасески ја напуштиле судницата
Денешното судско рочиште за претепувањето на Христијан Пендиков што се случи на 19 јануари оваа година беше одложено oткако бранителите на обвинетиот Илија Спасески ја напуштиле судницата.
Како што јавува нашиот извор бранителите на Спасески побарале одложување на судското рочиште, но судијата го одбил нивното барање и дал предлог за сослушување на Пендиков. По предлогот на судијата, бранителите на обвинетиот Спасески ја напуштиле судницата.
Следното судско рочиште треба да се одржи на 12 јули 2023 г.
