| |

СУДОТ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ

На денешното рочиште на Стевче Јакимовски е одлучено да му биде одземен пасошот  и редовно да се  пријавува во судот,  како мерки на претпазливост  за поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчe Јакимовски и четворица негови соработници.

Тие се осомничени  дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки.

Јакимовски, по излегувањето од Кривичниот суд, остана на ставот дека се работи за политички монтиран случај и се прави со цел да се дефокусира јавноста.

– Нема потреба од вакви спектакли, нема што да кријам, изјави Јакимовски.

Слични Објави