|

Полицајци испрашуваат уапсени во канцеларии на сметководители оти немаат соодветни простории

Несоодветни услови имаат некои од полициските службеници по полициските станици, констатира народниот правобранител, Насер Зибери. Особено лоша состојба има во Полициската станица Чаир. Посочи дека разговори со деца, кои се можни сторители на кривични дела, биле водени во канцеларии на сметководители наместо во опремени простории.

„Особено загрижувачка состојба има во ПС Чаир, каде што со години не е преземено речиси ништо. Кога зборуваме за материјалните услови, внимание треба да се посвети на просториите за разговори со деца. Треба да се избегнува праксата на вршење разговори со повиканите и задржани лица во канцелариите на сметководителите, тие треба да се спроведат во наменско опремени простории со видеонадзор, со видливо истакната поука за правата на овие категории деца и други мерки“, рече Зибери.

Состојбата била слична како и пред две години, посочи Зибери, што укажува дека ништо значајно не е променето.

„Во некои од полициските станици констатиравме дека полициските службеници работат во супстандардни услови. Слично како и претходната, така и во 2022 година во некои од полициските станици беа истакнати наводи за директни притисоци од страна на раководниот кадар, манифестирани преку прераспределба на разни видови работни обврски, несоодветни на работните позиции“, додаде Зибери.



Слични Објави