ЗОРАН ЗАЕВ ИЗРАЗИ СОЧУСТВО ПО ПОВОД СМРТТА НА КОФИ АНАН
Длабоко жалимe за загубата на Кофи Анан, поранешниот Генерален секретар на Обединетите Нации. Како и целиот свет, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, до ОН и до сите граѓани кои ја почитуваа и вреднуваа неговата работа како миротворец и борец за човековите права за сите луѓе.
За граѓаните на Република Македонија, Кофи Анан ќе остане запаметен како вреден пријател, поради неговиот придонес во демократскиот развој на државата и нејзиното меѓународно етаблирање во големото семејство на рамноправни народи и држави во светот.
За сето тоа остануваме засекогаш благодарни.
Нека почива во мир.
