Царот им се спротивставил на нацистите
Пишува: Марин Рајков, амбасадор на Република Бугарија во Велика Британија
Господине,
Вие велите дека претставата „Краткиот живот и мистериозната смрт на Борис III, царот на Бугарија“ на фестивалот Edinburgh Fringe е обвинета за „пренапишување на историјата“ заради лажното тврдење дека бугарскиот цар спасил животи на 50.000 Евреи за време на Холокаустот .
Претставата точно ги отсликува историските факти. На 1 март 1941 година, германските трупи влегле во Бугарија и истиот ден премиерот Богдан Филов, го потпишал влегувањето (на Бугарија, бел.прев) во пактот. Антисемитските мерки беа наметнати во сите земји под директна или индиректна контрола на Рајхот, за жал Бугарија не била исклучок. Меѓутоа, бугарскиот закон имаше една значајна разлика од законодавството во Нирнберг – на бугарските Евреи не им беше скратена заштитата (им беше дадена бел. прев.) на нивното државјанство. Подоцна, делови од Југославија и Северна Грција со бугарско етничко и културно присуство беа предадени на Бугарија за администрирање, но без признавање на бугарскиот суверенитет над овие територии. Криминалното депортирање на Евреите кои не биле бугарски државјани од Македонија и Тракија било единствено германска иницијатива.
Прашањето за депортацијата на Евреите од Бугарија стоело на поинаков начин. Под силен германски притисок, владата првично се согласила на нивна депортација. Кога се дознаа подготовките (за ова), имаше протести и спасувачки акции низ целата земја. По наредба на цар Борис III, министерот за внатрешни работи Петар Габровски ја одбил депортацијата и биле спасени 50.000 Евреи.
Улогата на царот била одлучувачка бидејќи тој бил фигурата што ги контролирала сите главни центри на моќ.
Претставата ја препорачувам на секој што е непристрасно заинтересиран.
Овој напис е објавен во лондонскиот весник Тhe Times како одговор на коментарот на Колин Шиндлер обjaвен во истиот весник со наслов Play perpetuates myth that Boris of Bulgaria was a friend to Jews
