Ким Мехмети: Според политичките убедувања, Еди Рама е „Србин“ како Вучиќ!
Премиерот на Албанија повторно ја критикуваше официјална Софија за нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може да ги изненади само оние кои сè уште не разбрале дека тој по политички убедувања и ставови е цврст „Србин“ и како таков, гледа околу себе со „очите“ на официјален Белград.
Ова за агенцијата БГНЕС го изјави познатиот албански писател и публицист од РС Македонија Ким Мехмети по повод скандалозниот говор на премиерот на Албанија Еди Рама во Блед, во кој односот на Бугарија кон РСМ, го спореди со односот на Русија кон Украина. .
„Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“ – Србите!
Односно, ако денешниот албански премиер не беше заслепен од љубовта кон своите „браќа“ Срби, одамна ќе сфатеше дека Албанците немаат причина, а уште помалку корист, да ги прекинат своите вековни пријателски односи со Бугарите, заради РСМ, додека оние кои и денес се мнозинство овде, го зацврстуваат својот етнички рбет со паролите „Смрт за шиптарите“ и „Само мртов шиптар е добар шиптар!“
Но, како и да е, треба да се истакне дека критиките на албанскиот премиер кон официјална Софија го надминуваат неговото лично политичко слепило и ја откриваат вистината дека, во голема мера, во официјална Тирана политичкиот часовник е запрен, откога со Албанија владеат емисарите на Москва и Тито, според кои на овие простори има само еден центар на регионално влијание – Белград!
Да, односот на премиерот на Албанија кон бугарско-македонските недоразбирања, како и неговата перверзна „одбрана“ на РСМ, само ја открива вистината дека и денес Албанија во голема мера е освоена од оние кои не се ослободиле од српските вистини, оние кои и интересите на својот албански народ ги гледаат низ „очите“ на српскиот ум.

