|

Бандит или маченик? Погубен е бугарски револуционерен лидер

Бугарската заедница во Битола сега е во состојба на голема возбуда поради егзекуцијата на неодамнешниот удар на лидерот на Бугарските чети познат како Алексо од Екши-су.

За време на востанието во есента 1903 г., Алексо се истакна со различни обиди да ја оштети железничката линија, со успешни судари со војските, во кои неколку војници се убиени, и со убиството на неколку Патријаршисти. Пред околу 18 месеци беше заробен, суден и осуден на смрт. Ако казната беше извршена веднаш, ќе имаше возбудено малку коментари, бидејќи беше многу очевидно дека предавствата и убиствата признати и докажани го донесоа Алексо до гибелта. Наместо да биде погубен, сепак, беше фрлен во затвор како и извршителите на Солунските насилства, над чии глави смртнатта пресуда сеуште виси. По едно време тој се обиде да изврши самоубиство со фрлање од неговиот затворски прозорец, но само успее да ја повреди главата и ги скрши двете нозе. Два месеци лежеше во турска болница за да се опорави од повредите и беше испратен обратно во затворот.

На разденување на12 септември, по заповед на Султанот, Алексо бил одведен од затвор и обесен на пазарот во Битола. Неговото тело остана изложено на погледот на јавноста до пладне, кога беше предадено на неговите пријатели. Смелостта на Бугарите од Битола се покажува од фактот што се однесуваа со останките на Алексо не како на престапник туку како на маченик кој умрел за својата вера и неговата земја. Сите Бугарски дуќани беа затворени, а истата вечер телото на мртвиот водач го следеше целото Бугарско население на Битола до главната црква, каде што беше погребано зад олтарот.

Со оглед, особено, на многу благите казни во последно време на заробени членови на грчките банди, Бугарите мислат дека се оправдани гледајќи го погубувањето на Алексис како промислена и одмаздничка навреда и провокација.

The World’s News, Sydney, 18.11.1905.

Слични Објави