| |

Балканска черга: Фестивалот на традициите и занаетите што ги прави границите непотребни

Шарената балканска черга повторно се распосла над ќустендилското село Шишковци, селото во кое работел неповторливиот и ненадминат мајстор на четката бугарскиот ликовен уметник Владимир Димитров – Мајсторот, јавува БГНЕС.

„Балканска черга“ е фестивал за фолклор, занаети и традиции, организиран од Борислав Крумов.

Годинава има учесници не само од Србија и Македонија, туку и од Грција, кои уште еднаш се обидуваат да докажат, макар и само во три дена, дека границите меѓу балканските народи се вештачки.

Во Шишковци сликите на Мајсторот блескаат со своите бои, покрај изложените шарени черги. Чадат скари, на десетици тезги се продаваат секакви работи: зачини, џемови, има натпревар за пити и зелници, се демонстрираат стари занаети како плетење на кошници, правење на црвули, печење ракија, а тук се и ората и фолклорот, кои се заштитен знак на фестивалот.

„Заштитен знак“ е и 90-годишниот Димчо Занев, облечен во народна носија, кој пука со пиштол или пушка, плете кошници и им покажува на децата како се шијат црвули.

„Уште еднаш ја распославме шарената балканска черга во Шишковци и повторно ги собираме луѓето од соседните земји. Со нас се нашите пријатели од Крива Паланка, Пробиштип, Босилеград, кои се тука, за да ги покажат своите производи, кои се како нашите“, вели во изјава за БГНЕС организаторот на фестивалот, Борислав Крумов.

Според него, дали границата е нова или стара, не е важно, луѓето се исти. По покривите на куќите од двете страни на границата, разбираме дека мајсторите биле исти, а границата што ја поставивуваме е вештачка и токму „Балканска шарена черга“ се обидува да ја отстрани низ годините.

„А тоа се гледа кога ќе седнеме на една маса, на една черга, без разлика каде е сошиена или зашиена, ние сме еден народ. Еден балкански народ, кој низ годините се обидуваат да го поделат, да внесат раздор, особено во последно време. Но, на крајот повторно сме заедно, без разлика на тоа, кој, колку се преправа на Македонец или Србин. Но, кога ќе седнеме на иста маса, гледаме дека е важен Балканот, нашите деца и традиции кои мораме да ги зачуваме и да покажеме дека се исти“, додава Крумов.

На тридневниот фестивал учествуваат стотина гости од цела Бугарија, Србија и Македонија.



Слични Објави