Проф. д-р Георги Дјулгеров: Бугарското племе не е предавничко, предавници се робовите по дух
Не е бугарското племе предавничко, предавниците се робовите по дух, не е важно од која националност се. Ова за БНР го изјави проф. д-р Георги Дјулгеров, сценарист и режисер на новиот бугарски филм „Записи за едно предавство“.
„Проблемот на предавството и простувањето, на робот и на слободниот. Тоа се проблемите што се разгледуваат во филмот. Тие се актуелни и денес, но деновиве имаат поинаков израз“, коментира тој и изрази мислење дека денес со националноста се шпекулира со популистички намери.
Најважно за еден народ е неговата култура, рече директорот и прецизираше: „Мојот идеал е бугарската култура – јазик, уметност, образование. Ова е она што е важно!“.
Проф. д-р Дјулгеров сподели дека уште во студентските години сметал дека „Записки по бугарските востанија“ на Захариј Стојанов е една од големите бугарски книги.
„Во 1985 година требаше да снимам филм по сценарио на Бојан Папазов, по оваа книга. Тогаш овој филм не беше снимен, но желбата да се занимавам со оваа работа остана да тлее во мене“.
Филмот „Записи за едно предавство“ е екранизација на „Записки по бугарските востанија“ и многу внимателно го следиме Захариј Стојанов, нагласи режисерот.
„Конечно, Захариј Стојанов кажува како тој не бил предаден. Ова ми е многу важно, бидејќи мислам дека не можат да се користат такви клишеа дека Бугарите се предавници. Не! Ропскиот дух е предавнички“, нагласува проф. д-р Дјулгеров.

