(Галерија) Бугарската амбасада и претставници на бугарската заедница поделија новогодишни пакетчиња на децата од центри за нега во Велес и Кавадарци
За поредна година бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов заедно со претставници на бугарската амбасада и активисти нa бугарската заедница од Велес и Кавадарци поделија новогодишни пакетчиња во Центарот за дневна нега Велес, Посебното основно училиште ,,Маца Овчарова” Велес и Ресурсниот центар во Кавадарци во склоп на Општинското основно училиште ,,Страшо Пинџур”.
Амбасадорот Ангелов се сретна со раководството на центрите и разговараше со нив за нивното работење, условите и нивните идни проекти со цел помагање на нивната благородна дејност.
Во добротворната акција учествуваа и претставници на невладината организација Истражувачки центар ,,Св. Климент Охридски” и невладината организација ,, Балкански коридор ” од Кавадарци.








