|

(Видео) Одбележуваме 46 години од смртта на големиот бугарски поет Атанас Далчев

Атанас Далчев е еден од најголемите поети на Бугарија, тоа е неспорно – не само во дваесеттиот век, туку воопшто.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави проф. д-р Михаил Неделчев, литературен критичар, политичар и јавна личност.

Денеска се навршуваат 46 години од смртта на Атанас Далчев. Поетот е роден на 12 јуни 1904 година во Солун, во богато семејство. Неговиот татко Христо Далчев со потекло од Кукуш бил еден од угледните бугарски граѓани во тоа време и станал пратеник во османлискиот парламент во времето на Хуриетoт. Тој е еден од претставниците на бугарското малцинство и како таков, целото негово семејство некое време живее во Цариград.

Сеќавањата на Атанас Далчев во Константинопол се исклучително интересни, иако лаконски. После тоа, семејството се преселило во Софија, каде изградиле мала куќа во сегашниот центар на градот, изјави за БГНЕС проф. Неделчев, потсетувајќи дека малите стихозбирки на Далчев оставаат огромен впечаток додавајќи дека токму Далчев ја создал т.н тематска лирика.

Атанас Далчев е брат на вајарот Љубомир Далчев-автор на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк на Скопје и на архитектот Борис Далчев.

Еве што кажува за творештвото на големиот бугарски поет, литературниот историчар, критичар и публицист проф. д-р Михаил Неделчев.



Слични Објави