Андреј е и ќе биде херој!
Став на Андријана Коруновска
Од денот кога започнаја здравствените проблеми на брат ми само јас и моето семејство сме сведоци за голготата што ја минувавме во оваа држава и нејзините така наречени институции, а за здравствениот систем не сакам ни да коментирам.
И покрај сите препреки и потешкотии, јавно не сме се пожалиле, проблемите не сме ги споделувале, сме трпеле и траеле и секогаш исправени и со крената глава сме чекореле напред, а неправдите горко сме ги голтале.
Цели осумнаесет години!
Прво реков ајде да не се спуштам на Ваше ниво, бидејќи не заслужувате одговор. Меѓутоа дадов збор дека нема да дозволам името на брат ми да го ставате во вашите погани усти и да се злоупотребува неговата ситуација за било какви цели!
Вие од оваа таканаречена платформа “Бојкотирам” кои и да сте како ниски форми на живот, ќе си сносите правни последици за Вашите неморални објави и ќе си направите – не еден проблем помалку, туку проблеми повеќе!
ДУШАТА нема националност, а вие тоа не можете да го разберете, бидејќи немате душа. И колку и да пробувате да го оцрните неговото име и дело, пак ќе е залудно.
Андреј е и ќе биде ХЕРОЈ!