| |

Сатиричниот театар постави скулптурни маски на големите бугарски актери Георги Парцалев и Невена Коканова

Со посебни скулпторски маски во Сатиричниот театар во Софија беше оддадено признание за придонесот на големите бугарски актери Георги Парцалев и Невена Коканова во кино и театарската уметност во Бугарија јавува БГНЕС. Скулпторските маски се поставени веднаш до маските на тројцата големи бугарски актери на Сатиричниот театар Татјана Лолова, Стојанка Мутафова и Георги Калојанчев.

Проектот го реализира скулпторката Кунка Димитрова.

БГНЕС потсетува дека колоната со маските на сите сакани актери беше отворена во октомври минатата година, кога се одржа презентацијата на муралите во централното фоаје на театарот. Реализацијата на проектот „Небесен театар“ е на карикатуристот Чавдар Николов и професорот по мурално сликарство Страхил Ненов. Претставени се повеќе од 50 имиња на актери, режисери, писатели, драматурзи и сатиричари чија работа е директно поврзана со основањето и развојот на Сатиричниот театар во Софија.

Фото: БГНЕС

Слични Објави