|

Тестаментот на д-р Константин Мишајков, алтернативната историја и трагичната сегашност

Пишува: Зоранчо Маринков

Д-р Константин Мишајков е роден во леринското село Патели (Пътеле) во 1807 год. и е еден од најзаслужните за преродбата на българштината в Битоля. Во младоста Константин Мишајков се учeл вo грчки училишта, прво во Битола, а потоа во Атина. Медицинското образование го добил во град Пиза, Италија, од кадешто се вратил во Битола и станал лекар. Таа служба ја извршувал полни триесет години. Тој му бил помал брат на пловдивскиот митрополит Панарет.

Д-р Константин Мишајков во 60-тите години на XIX век, со негови пари – 400 лири купува место во центарот на Битола и потоа го подарува на Битолската българска општина, за изградба на црквата “Св.Богородица” и на училиште. Бидејќи недостасувале уште пари за купување на местото, тој го заложил целиот накит на жена му – обетки, нараквици, прстени, ѓердани, дијаманти за да подари уште 160 лири за купување и на ханот што бил изграден на тоа место.

Д-р Константин Мишајков лично учествувал и во изградбата на црквата, а за сите средства што ги подарил, тој побарал само едно – да се постави над црковната врата плоча со надпис на донаторот. Плочата била поставена како што побарал тој, пред црквата “Св.Богородица” во Битола, на 25 март 1876 год.

Неговото патриотско дело е опишано од Кузман Шапкарев во неговата автобиографска книга “Материали за възраждането на българщината во Македония”. Шапкарев во учебната 1873/74 год. бил учител во Битола и лично се познавал со д-р Мишајков.

Во 1876 год. турските власти, исплашени от дејноста на големиот родољубец го принудиле д-р Мишајков да ја напушто Битола. Тој се прибрал во Пловдив, кадешто починал на 16 септември 1880 год.

Еден месец пред неговата смрт, д-р Константин Мишајков оставил тестамент. Истиот бил составен пред шестмина сведоци, а бидејќи д-р Мишајков веќе не можел да ја користи неговата рака, тестаментот бил потпишан во негово име од свештеник, а подпечатен бил од неговиот брат Митрополитот пловдивски Панарет. Тестаментот е публикуван во пловдивскиот весник “Марица” на 26 септември 1880 год., значи 10 дена после смртта на д-р Мишајков.

Подолу ќе видиме, каква е разликата меѓу она што пишува во тестаментот на д-р Мишајков и она што денес се учи и гледа во Северна Македонија

Денес спомен плочата што стоела над влезната врата на црквата “Св.Богородица” е искршена и се наоѓа во дворот на битолската црква “Св.Димитрија”. Некоја нечиста рака се обидела од текстот да ги истрие зборовите “БЪЛГАРСКИ/А”, напишани на плочата на български и грчки јазик.

На зградата на училиштето “Св.Кирил и Методиј”, коешто се наоѓа на местото купено и подарено од д-р Мишајков, стои спомен плоча на којашто пишува дека локалната организација на комунистичката партија во Битола, одржала демонстрација пред таа зграда на Илинден 1941 год. против бугарскиот окупатор.

Во 2007 год. во Битола е издаден зборник со наслов “Значајни личности за Битола”. Според авторите на зборникот, д-р Константин Мишајков бил деец кој во 60-тите години на XIX век се залагал за отворање на МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УЧИЛИШТА, каде ќе се учи на МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ЈАЗИК. Д-р Мишајков е претставен и како еден од највидните членови на БИТОЛСКАТА ОППШТИНА.

Сега да видиме што напишал во тестаментот д-р Константин Мијашков.

“Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин.

Долупотпишаниот родом Бугарин од село Патели, и жител од град Битола (Македонија) наоѓајќи се во странство и имајќи ја предвид секогаш неизвестноста, во којашто се наоѓа човечкиот живот како и часот во којшто рано или касно ќе ја испие определената од Всевишниот заедничка чаша за човековиот род: “Нема да го знаете ни денот ни часот во којшто синот човечки ќе дојде”. А при тоа имајќи ги и умствените сили неповредени и наполно здрави, љубезно решив да го распределам преку овој тестамент, целиот ми имот дарен од Бога, којшто се состои од една куќа со покуќнината, илјада (1.000) Лири турски и и четиристотини (400) полиимпериали.

Тој мој имот се наоѓа како што следува: куќата во гр.Битола во клисе махала, шестотини (600) лир.тур – на сопругата Фани Папазова, четиристотини (400) лир. тур. на шурата ми Коста Папазов и четиристотини (400) полиимпериали на Христо Т. Мишајков.

За да се отстранат секакви недоразбирања и непријатности помеѓу наследниците ми после мојата смрт, го распредувам имотот на следниот начин:

1-во Најнапред ја предавам со благодарност душата на Бога, од кого ми е вдахната и телото на заедничката мајка земјата, од која е создадено.

2- ро Куќата која се наоѓа во гр.Битола во Клиссе махала, која се состои од шест (6) соби, една (1) визба, со целата покуќнина ѝ, којашто е соседна на Трпчо Костов Мишајков папа Костов; браќа Ничота и патот, ја оставам на сопругата ми Фани да живее во неа додека е жива и да располага со покуќнината. Но после нејзината смрт, куќата (без покуќнината) да остане на располагање на БЪЛГАРСКАТА БИТОЛСКА ОБЩИНА, којашто после добивањето на куќата се задолжува во однос на неа, да издржува секоја година по двајца сиромашни, но способни ученици во градското училиште, земени од родното ми село Патели.

3-то Во случај општината да не ја исполнува таа моја желба, го отстапувам правото на исполнителите на мојот тестамент да ја продадат куќата, нејзината вредноста да ја зачуваат и од каматата, засекогаш да се издржуваат споменатите ученици.

4-то Од гореспоменатиот капитал определувам какошто следува:

Шестотини (600) турски лири на мојата сопруга Фани, седумдесет (70) лир. тур. на Стојчо Мишајков, седумдесет (70) на Лазар х.Петров Мишајков, педесет (50) на Димитри Мишајков, педесет (50) на Мата Мишајкова, педесет (50) на мојата слугинка Елена, четириесет (40) на Катина, сестра на Фани, дваесет на Санта Филипова сопруга и педесет (50) на БИТОЛСКАТА БЪЛГАРСКА ОБЩИНА. Вкупно лири турски илјада (1000).

Сто и педесет (150) полиимпериали на Христо Т. Мишајков, четириесет (40) на Николаки Палука, дваесет (20) на Пловдивската црква успение на Пресвета Богоридица, дваесет (20) на Пловдивското сиропиталиште, педесет (50) за мојот погреб и за свештениците, педесет (50) за надгробниот споменик, триесет (30) за фондот, од чијашто камата секоја година да се подаруваат во градот на одличните ученици во БЪЛГАРСКОТО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ, десет (10) на Севастија и Рајна х. Никушеви, триесет (30) на Неговото Високопреосвештенство Пловдивски Митрополит г-н Панарет за раздавање на милостина на сиромасите после мојот погреб. Вкупно четиристотини (400) полиимпериали.

5-то Даденото ми право да ја добивам киријата од двата склада при новоизградената БЪЛГАРСКА ЦРКВА Пресвета Богородица во Битола, колку што гроша треба до денес да добијам ги подарувам на споменатата црква, истовремено оставајќи го во тестаментот и тоа мое право, за секогаш да се внесува за спомен во црковната каса.

6-то За извршителите на овој мој тестамент, ги поставувам господата Стојчо Мишајков, Кости Папазов, Д.Ризов и Негово Благоговенство Отец Иконом Г.Тилев, коишто ги молам да го исполнат во точност сето наведено.

Распределувајќи го на погорниот начин мојот имот, известувам на преку овој Тестамент на секој од неговите ползувачи, дека тоја е моја желба и моја воља. И бидејќи неможам сам да го потпишам, заради раната на показацелот на десната рака, го замолувам Отец Иконом Георги Тилев да ме потпише пред присутните сведоци. А за тестаментот да има законска сила и тежина пред надлежните власти, го молам Българското духовно началство да го потврди.

Направен во град Пловдив, на илјада осумстотини осумдесет и осмо лето на Спасителот на светот, осумнаесети Август.

По причина на болната рака на г-н Д-р Константин Мишајков и по негова желба потпишувам Иконом Г. Тилев

Сведоци

Протоереј Теодор

Свештеник Марко

Д-р С. Чомаков

Ив. Г. Джижев

С. Д. Каблешков

Й. Груев

Д-р Рашко Петров”

Слични Објави