|

Одбележуваме 179 години од смртта на големиот бугарски духовник, книжевник и просветител од Македонија Кирил Пејчинович

На 12-ти март 1845 г. во Лешок умира Кирил Пејчинович, значаен духовник, книжевник и просветител. Роден е 1771 г. во тетовското село Теарце. Прво учел во Бигорскиот манастир, а потоа во Хилендарскиот манастир. Се враќа во Тетово и оттаму заминува за Кичевскиот манастир Св. Богородица Пречиста, каде станва еромонах. Од 1801 г. е игуман на Марковиот манастир, скопско, каде ја составува книгата „Огледало“. Одново патувал за Света Гора, а потоа станал игумен на Лешочкиот манастир, тетовско. Таму развива проповедничка, книжевна и просветна дејност. Отвора училиште, а на Теодосиј Синаитски му помога да ја обнови печатницата во Солун.

УТЕШЕНИЕ ГРЕШНИМ:

“Преведено и исписано Кирилом йеромонаха Пейчиновича бившаго игумена Лешечкаго монастиря светаго Атанасия преписано на простий язик Болгарски долния Мисии Скопсский и Тетовский.“

Солун, 1840 г.

ОГЛЕДАЛО, 1816 г. Будим

“Описася ради потреби и ползования препростейшим и некнижним язиком Болгарским долния Мисии, многогрешним во йеромонасех и недостойнейшим игуменом Крал Марковаго Монастира; иже во Скопие у Маркоа река храма светаго великомученика Димитрия, КИРИЛ Тетоец ПЕЙЧИНОВИЧ…”

Слични Објави