ПЕТАР КОЛЕВ: ЌЕ СЕ СМИРАМ ТОГАШ КОГА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗАВЛАДЕАТ ПРАВОТО И ПРАВИЧНОСТА
Основниот проблем на Македонија не се односите со соседите, туку отсуството на правичност и проблемите во правосудниот систем. Треба да се заборави практиката на судиите од тефтерите на власта, изјави Петар Колев, лидер на Граѓанско демократската унија-ГДУ, во емисијата „Отворено“ на 1ТВ. Колев потсети на паролата од протестите против владеењето на Груевски „Нема правда-нема мир и додаде дека откако во Македонија ќе дојде правдата тогаш и тој самиот ќе се смири.
