Дијаспората и лостовите на влијание
Пишува: Владимир Перев
Ние македонците секогаш кога се враќаме од Белград, преполни сме со измешани и нејасни чувства. На едно место во нашите размисли се наогаат и импресиите од величината на градот и неговиот изглед, и зависта за богатството, секогаш по големо од нашето, и презирот кон националистичката српска политика, секогаш нетрпелива кон по-инаквите од нив, и стравот дека одново можат да командуваат со Балканот, како и надежта дека еден ден ќе им бидеме рамноправни партнери. Исто како кога и некои мои познати во Бугарија, некогаш (па и сега!) се враќаа од Москва или Ленинград, преполни со восхит, завист, но и презир кон советската/руската империјална политика спроведувана на пространствата на Евроазија, а најмногу кон нивната држава.
Неспорен е фактот дека во Србија живеат и бугарите, заедно со другите националности во земјата. Бугарите во Војводина, како и повеќето националности таму, не сакаат да говорат за политика. Многубројните етноси, измешани на една територија, се плашат дека политиката е нешто кое ќе го наруши нивниот мир. Низ војните и минатото, има примери на злокобното дејство на политиката врз животот на луѓето на оваа територија. Етносите во Војводина се многу, разликите во јазикот и обичаите се видливи, но единството во кулурните достигања е исто така видливо. Чистота, ред и поредок.
Има две врсти на бугари, старите павликијани и новите дојдени по 1945 година, доселени од Царибродско и Босилеградско. Се познаваат, препознаваат и почитуваат. Но, недостига координационо тело, стационирано во некаква институција во Бугарија, најсоодветно би било да е во Министерството за надворешни работи, кое на терен, во самата Србија, ќе ја координира работата со емиграцијата. Тие бугари во Србија и Војводина, неспорно е дека се патриоти, но тие се патриоти на свој начин, онака како што некој може да биде патриот изоставен стотини години, со задржано чувство на гордост за својот етникум и потекло. Но, бугарите во Војводина живеат многу близу до унгарската заедница, која пак е засипана со пари и привилегии од унгарската политика на “маѓаризација“, спроведувана од Виктор Орбан. Со таа политика и средствата за неа, унгарците купуваат домови на културата и куќи каде може да се спроведува политика на нивното национално единство. Слично е и со словаците кои таму се силна заедница. И едните и другите се координирани од Будимпешта и Братислава, имаат редовни контакти и соодветни програми за взаимодејствие. Унгарија дава 800 милиони евра на својата заедница во Србија и Хрватска. Се откупува земја максимално и на тој начин се шири влијанието на Унгарија. Што да кажеме за бугарите…интересното е дека кога ќе дојдат луѓе од Бугарија, тие со себе носат српска музика. Дисонантно, нели?
Како и во секоја по мала заедница, има појави на поделеност, кариеризам и зависти, произведени од различни, најчесто лични интереси. Затоа, Вучиќ ги држи сите заедници под цврста контрола, командувајќи ги нивните политички определби. Но, тоа е само привид, малите заедници секогаш ќе бидат со секого кој е на власт, тоа е најчинот на кој се опстанува со најмалку жртви.
Бугарскиот државен патриотизам во Војводина, Србија па и македонија се гледа само во декларациите, онака убаво срочени и испразнети од дејствие. Евидентно е дека нема донации на големите бугарски фирми и банки, кон оние кои се дел од бугарското племе, признати како такви и населени во друга земја. Се чека само на државата, а големите компании не сакаат да издвојат ни процент од своите профити, за интересите на дијаспората, за оние кои по некаква несреќа судбина и против нивна волја, останале вон границите на Бугарија. Не е таква ситуацијата во опкружувањето. Српските компании богато ги финансираат дејствија на емиграцијата, исто и хрватските. Тие две држави имаат стара емиграција, верна на своите корени, која ги помага борците за човекови права. Македонија не заостанува зад нив. Македонските профитабилни компании, фрлаат пари за пропаганда на македонците во Пиринско, за бегалците и нивните потомци по Граѓанската војна во Грција 1944-48 година од Егејско, а македонците од Абанија се комплетно финансирани и тоа богато.
Посебно трагична е судбината на бугарите во Западните покраини. Населението не може да ги издржи политичките притисоци на власта во Белград и ги напушта своите огништа. Тука треба да се додаде и специфичната економска истоштеност на регионот, преднамерено предизвикана од Белград. Населението заминува и се претопува некаде низ македонските, српските и европските пространства. Останува испразнета земја, загадена од несоодветна индустриско-рударска експлоатација, која за помалку од една деценија ќе остане без чиста вода за пиење…па кој сака да остане да живее таму и која национална кауза да ја спроведува. Последниот мохиканец останат во Босилеград е писателот и публицист Иван Николов, кој единствено дава отпор на деструктивната белградска политика. Но тој, како и неколкумина од нас патуваме кон залезот на своето битисување…потоа веќе нема да има кој да каже нешто за судбината на бугарите, барем онака, декларативно и протоколарно.
Поминаа речи си триесет и пет години од падот на режимот (ако воопшто паднал?), а Бугарија не ја разбра силата на сопствената дијаспора. Во свеста на бугарите, емиграцијата остана непријателски елемент, крстен како “оние кои нема да се врата“. Е, па, некои се вратија и покажаа колку навистина отишле напред. Бугарското општество, по своите позиции го затекнаа истото, со истите окостени ставови за “своите вон границите“…со останатата од претходниот систем нетрпеливост кон нив. Патриотизмот на големите, профитабилни бугарски компании и банки остана во доменот на приграбување на профитите, меѓусебните подметнувања и убиства до истребување, најчесто со декларации за “припадност кам отечеството“, обично за пред политичарите во државата. Огромните ресурси кои во себе ги содржи бугарската дијаспора и емиграција, останаа непознати за бугарската држава и институции. Никој не ја процени силата на влијание, кои тие ја носат со себе си и может да ја инструментализираат во земјите во кои живеат и работат.
Дојдено е времето Бугарија да ја замени својата дефанзивна и одбрамбена политика во однос на меѓународната политика и односите со своите блиски и подалечни соседи, да формира тели кое ќе се занимава со прашањата на дијаспората, за да отпочне со офанзивна политика, целенасочена кон одбрана на своите интереси…сега Бугарија е силна држава, фактор во меѓународните односи. Треба да се почитува себе сѝ…

