| |

П. КОЛЕВ: НЕСЕРИОЗНО Е МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ДА БИДЕ ПОВРЕДЕН ОД УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА

Лидерот на политичката партија Граѓанско демократска унија-ГДУ, Петар Колев истакна дека граѓаните треба да се запрашаат како така се најде 2/3 мнозинство за старт на уставните измени, а сега кога е потребно истото мнозинство за да му се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски, тоа е речиси невозможно. Според Колев двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ работат синхронизирано за да претрпат што е можно помалку штета од случувањата на политичката сцена. Лидерот на ГДУ исто така кажа дека на Македонија и е потребна силна опозиција, која да знае како да врати на неодговорните и недомаќински решенија на власта.



Слични Објави