|

Одбележуваме 217 години од раѓањето на големиот благодетел и деец на бугарската преродба во Македонија д-р Константин Мишајков

На денешен ден пред 217 години е роден д-р Константин Мишајков. Големиот благодетел, општественик и деец на преродбата во Македонија е роден на 8 април 1807 г. во с. Пателе, леринско. Помал брат е на епископ Панарет Пловдивски. Учел во Битола и Атина, а потоа завршил медицина во Пиза. Специјализирал во Париз и работел 30 години како лекар во Битола. Со Димитар Робев ја предводи просветната и црковната борба против грцизмот во Битола. Тој е среде иницијаторите за изградба на Бугарската обштина и отворањето на Бугарски училишта во градот, оставајќи им го на битолчани својот имот во вредност од 25 000 златни лева. Д-р Мишајков умира на 16 септември 1880 г. во Пловдив, Бугарија.

“Кога толку многу се намножија Бугарите во Битола, нивната мала црква „Св. Недела” не одговараше на нивните црковни потреби, затоа што освен што е далеку, надвор од градот, таа не ги собираше ни половината од оние што одеа на служба, па затоа беше неопходно на сред зима повеќето луѓе за да присуствуваат на служба да излезат во дворот, под отворено небо. Имаше потреба од голема црква, во центарот на градот; за пошироки и свои училишта, уште поголема. (Од почеток, училиштата се сместуваа во приватни изнајмени куќи.) Друга готова црква немаше, за да можат да претендират врз неа, освен едната голема, храмот “Св. Димитриј”, која макар и да беше изградена од сите граѓани, ја држеа гркоманите, како и заедничките училишта. Затоа, помислија да купат место да изградат црква и училишта. Такво место се најде, еден ан на Ленски пазар, кој можел целосно и задоволително да одговара на тогашните црковно-училишни потреби. Но, со што да се купи тој? Пари немало, а пак и не се барале малку – 800 лири или повеќе се барале за анот. Кој да ги даде? Од каде да се земат? Ете пречка несовладлива за успевањето на Бугарштината во Битола. Ете прашање, од разрешување на кој зависел успехот или назаднувањето на Бугарштината!

Но, ете се појавува и таков, па дури и нешто повеќе од таков, како што ќе видиме непосредно. A тoa е незаборавниот доктор Константин Мишајков, кој заслужува вечна памет од страна на сите Бугари воопшто, а особено од битолските – посебно. Покојниот д-р К. Мишајков во овој случај на дело го покажа неговото најтопло и неповторливо родољубие, што никој друг во Македонија го нема покажано, ако не го сметаме оној на Георгија Гогов од Воден, кој го потроши целиот свој имот, поттикнат од такво родољубие. Но Мишајков даде сè што имаше, без да остави ниту пет пари за себе. Затоа тој заслужува многу повеќе пофалби и благодарност од другите. Тој имал вкупно 400 лири, коишто ги заштедил од неговата докторска професија. Ги дава сите до една и ги подарува на општината под услов да се постави над влезната црковна врата плоча со надпис на дарителот.

Добро, 400 лири се најдоа благодарение на д-р Мишајков. Ами други, уште толку од каде да се најдат? Друг Мишајков не се појави за да ги даде; друг и ако давал, не ги подарувал, туку ги давал со условена лихва и за одреден рок. Се собрале уште 200-300 лири од помеѓу првенците, но со лихва и рок. Како и да било, неопходното количество наближувало да се дотокми – недостигале само уште 160 лири. Немало кој да ги даде, макар и со лихва. Тогаш пак истиот д-р К. Мишајков, вечна му памет, го зел целиот накит на жената му – обетки, гривни, прстени, огрлици, дијаманти итн. па ги заложил кај еден Турчин или Евреин, не се сеќавам добро, за да ги земе неопходните 160 лири со лихва, и така соодветната сума беше дополнета и се купи анот.“

ЗА ПРЕРОДБАТА НА БУГАРШТИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА, Кузман Шапкарев, 1895 г.

“Откако подарил едно големо место за Бугарска црква во Битола и голема сума за нејзина изградба, тој при таа висока официална положба, која ја имал, носел сам тули за нејзината изградба, давајќи така пример на своите сограѓани. За успехот на борбата на д-р Мишајков и Димитар Робев против грцизмот придонесе многу нивното влијание пред турските власти. За почитта на Турците кон првиот свидетелствува неговиот чин; за вториот доволно е да се каже, дека беше избран депутат во турскиот парламент во 1877 г. „Ние, кажваше татко ми, одевме кај нив за совет и подкрепа. Охрид беше примерот, Битола – водството.“

Симеон Радев од Ресен

Слични Објави