| |

СДК: ЗАТВОРОТ ШУТКА ГО ИЗВЕСТИ СУДОТ ДЕКА ГРУЕВСКИ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ ДОБРОВОЛНО, МОЖЕ ДА СЕ РАСПИШЕ ПОТЕРНИЦА

Затворот „Скопје“ од Шутка, кај што треба експремиерот Никола Груевски да ја одлежи двегодишната затворска казна, го известил утринава Основниот суд Скопје 1 дека осуденото лице не е појавило доброволно во установата во законскиот рок.

Според законската процедура, ова е еден од условите кога надлежниот суд, во случајов Кривичниот суд, може да бара распишување потерница по Груевски.

Утринава од судот за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека денеска ќе се направи уште еден обид да му се врачи решението на Груевски за одбиените жалби со кое тој мора веднаш да дојде доброволно во Шутка и да почне да ја извршува казната.

Целaта вест можете да ја прочитате тука.

Извор: СДК

Слични Објави