| |

ВМРО-ДПМНЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НИТУ ЗНАЕЛ, НИТУ УЧЕСТВУВАЛ ВО НЕКАКОВ ПЛАН СО КОЈ ШТО МУ Е ОВОЗМОЖЕНО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ДА ИЗБЕГА ОД МАКЕДОНИЈА

Зоран Заев и неговата влада за да ја сокријат неспособноста сега се правдаат со лажни соопштенија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија.

Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем. Двајцата под итно треба и нивниот криминален картел треба да си заминат, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави