Радев: Бугарија не прифаќа изјави и однесување спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 и другите меѓународни договори потпишани од РС Македонија
По повод завршената изборна кампања во Република Северна Македонија (РСМ) и церемонијата на инаугурација на новиот претседател на државата, сакам да констатирам дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност, како со Договорот на пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со други меѓународни договори кои РСМ ги има потпишано. Оваа позициja на бугарскиот претседател Румен Радев беше објавена денеска на неговиот официјален профил во социјалната мрежа Facebook.
„Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите треба да се исполнуваат.
Потсетувам дека РСМ е земја членка на НАТО, од тоа произлегуваат соодветните обврски и одговорност
Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од строгата имплементација на меѓународните договори во кои таа е страна, како и од одобрената од Европскиот совет во јули 2022 година Преговорна рамка, која за информација на одговорните институции во РСМ, нема да биде ревидирана“, стои во објавата на бугарскиот претседател Румен Радев.
