| |

Политичката (не)култура на новиот македонски парламент

Пишува: Ели Секуловска/БГНЕС

Вчера, на 28. 05 2024 гоина, во Северна Македонија се одржа Конститутивната седница на 11 по ред парламенрен состав. На дневниот ред на седницата се четири точки, односно покрај изборот на Верификациската комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.

За претседател на Собранието со 76 гласа за и 6 против е избран Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди. Гаши свечената заклетва ја даде прво на албански јазик, а дури потоа на македонски јазик

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата присуствуваа само 118, бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда сè уште течат жалбените постапки.

Од 5 – 8 Јуни се очекува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да го добие мандатот од страна на претедателката Силјановска за формирање на влада , најдоцна до 20 Јуни.

Но,како сублимат од денешната седница, загрижува нискиот степен на комуникација и политичка некултура . Навредите, клевети и меѓусебните обвинувања во највишиот законодавен дом се само показател дека станува збор за политичка декаденција и дисфункционална демократија. На преден план беше оштрата реторика помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицковки и Димитар Апасиев од партијата Левица. Христијан Мицковски рече дека на Апасиев му дал бланко поддршка за да се придружи нс македонското национално единство, но тој одлучил да се однсува како џанак! Апасиев на тоа му возврати од говорница дека тој би ја прифатил поддршата од Мицковски доколку Африм Гаши не би бил претедател на собранието. Според Апасиев назначувањето на Африм Гаши за престдател на Собранието би значело косоваризација на Северна Македонија, па на крајот својот говор го заврши со ономатопеја на мачка, упатена кон Мицковски.

Целата таа драма на деструктивен популизам и ниското ниво на комуникација покажува несериозност на поголемиот дел од политичарите . Према тоа, некаков вредносен консенсус во иднина и не треба да се очекува. Такиот начин на комуникација која не е дијалошпка и не е позитивна, не може да се користи како некаква стратегија . Ваквиот степен на декадентна летаргија е показател дека процесите на дисолуција забрзано течат и може да се каже дека во Северна Македонија се помалку постојат тие темелни вредности и не само на ниво на овие банални политички препукуваења помеѓу левицата и десницата, туку за фундаменталните и суштински прашања од кои ги градиме вредностите према општеството.

Ако римискиот контекст на „леб и игри“ значеше нешто што политиката ќе му го даде на народот за да го задоволи и притоа да може да владее со него,денес самата политичка сцена се претвори во еден вид на игра од таа синтагма на „леб и игри“. Политичкта сцена во Северна Македонија веќе не е сфера во која може да се очекува дека нешто суштинско и круцијално може да се смени, туку сето тоа личи на едно големо реалити шоу. Во таа смисла, македонската политика се претвори во забава за јавност, повеќе наликува на цикруз во кој ќе може повеќе или помалку цинично да се ужива , отколку една димензија на реалност во која луѓето ќе можат да веруваат дека ќе се случат клучни промени или импулси за промени кои ќе делуваат за подобрување на општетвото.

Во меѓувреме, не стивнуваат и рекациите од страна на соседна Грција после инаугурацијата на професорката Силјановска за нов преседател на Северна Македонијакоја во свечената заклетва наместо новот име Северна Македонија, таа го употреби името Македонија! Вчера, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на новиот премиер Христијан Мицковски му порача дека очекува од него да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја.



Слични Објави