| |

Крајот на Мицкоски – шовинистичка фарса во титовистичка матрица

Пишува: Ели Секуловска/БГНЕС

„Очекувајте инвестициски бум во делот на енергетиката каков што никогаш до сега немало не само во Македонија,туку и во регионот! Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на веќе две присутни странски инвестиции во првите сто дена“ – рече Господинот Христјан Мицковски, после добивањето на мандатот за составување на новата влада од страна на престедателката Гордана Силјановска- Дафкова. Тој истовремено најави и недвосмислена борба против криминалот и корупцијата!

Ова е две илјади и првата варијација на истата фигура која 32 години во Северна Македонија цилкично се менува, но со разлилно име, низ која мегаломанските ветувања како и величењето на националниот култ ја го одвлекува вниманието од националната пљачка.

Ветувањето на огромен инвестициски бум, посебно во енергетиката , во земјата со најнизок економаски раст во Европа и најголем буџетски дефицит е навистина изненадувачи. Енергетскиот сектор и инфраструктурата се од витално значење за секоја земја и секогаш и секаде стратегиите за енергетика се изготвуваат 50 години однапред!

Во Северна Македонија таква стратегија за енергетика чинам дека беше изготвувана од страна на МАНУ (Македонска Академија на Науките и Уметностите), пред 15-тина години, но истата никогаш не е завршена.

Ветувањето за сериозни проекти во областа на енргетиката за кои се потребни претходни економски анализи и анализи на ризик, една комлексна област која во западните земји има иманенто значење и изискува многу време, од страна на новиот мандатар Христијан Мицковски е навистина несериозно. Тој ветува огромни енергетски проекти и тоа замислете во првите 100 дена, без почетни анализи и без да им се каже на граѓаните од каде ќе се најдат финансиски средства за истите ! Многумина, после денешниот говор, се прашуваат дали можеби Господинот Мицковски поседува магионичарски способности или е новиот Дејвид Коперфилд?!

Новот мандатар истивремено повика на обединување на македонското национално ткиво и рече дека Македоија е земја на Македонците, Србите Власите , Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците.Со цинична поза, претенцизно и злобно, надменои одмазднички, никогаш до сега, а ни денес не ги спомена Бугарите кои живеат со векови на територијата на денешна Северна Македонија, иако е престедател на партија која го носи името ВМРО, формирана токму од македонските Бугари!

Се шини дека шовинистичката фарса ќе продолжи со несмалено темпо. Идолошката суровина ја сочинува набрекнатиот идентитет, светилиштето во средината на племенската имагинација, врзното ткиво кое ја држи административното гласачко тело отелотворено во нација .

Истовремено, додека Господинот Мицковски зборува со исклучително добро извежбана реторика и говор на телото и побожно гледа во жигосаното стадо, партискиот клер размуслива за броеви и како да ги наполни своите џебови. Покрај тоа што е разорено и украдено се што можеше да се украде, врќањето на нациналистичката митоманија и индустријата на непријатели- се чини дека е неизбежно.

Постојаното и непречено дефилирање на мафијата низ политичкиот естаблишмент како и овластувањето на симпатизерите на криминалот за борба против криминалот мора да биде прикриено со плаштот на зачувување на националниот идентитет под кој се подразбира зачувување на воспоставениот криминален систем на заробената држава за што децении наназад укажуваше Господинот Рајнхард Прибе. Но, за да се прикрие сето тоа, пропагндната машинерија составена од филистерските медиумски Дојтор Џекили и Мистер Хајдовци мора да го интензивира производство на државни непријатели и национални предавници и тоа по веќе испробана титова матрица Во духот на тоталитарната лексика ,Бугарите треба да се разберат како непријателски елементи или најпрецизно, како елементи кои се неспоиви со „чистото македонско античко битие“ какво што го преставуваат чуварите на „светиот македонски идентитет“. Се чини дека ударнички ќе се растегнува жичаната ограда на веќе херметички затворената држава со стражарски места од кои ќе се надгледува обожуваната тврдина на националната и света македонштина.

Тоа им служи како полициски пристап на политичките националистички преставници, така што македонскиот непркосновен и чист идентитет ќе биде штитен со механизми на државна сила со секако извежбаните методи на мек притисок , познати од времето на титовиот тоталитарен систем врз такнаречените бугарашки непријатели и предавници. Национал –шовинистичкиот наратив ќе биде во преден план, додека клучните реформи, борбата со криминалот и корупцијата ќе бидат ставени на последно место прикриени со националистичка омраза затоа што најдобро се владее со зајакнување на чувствата на гнев и страв.

Но,некои историски искуства ни укажуваат дека сите тие национал шовинистички крикови , кои се плодови на националистичко очајување може да имаат звучна арома на претмртен клокот. Истите зборови со кои се служеше Христијан Мицковски и неговата претендентка за претседател, а сега претседателка Гордана Силјановска Давкова во предизборната кампања и со кои ги окривуваше политичките противници за некакво си предавство на нацијата, ги користеше и Слободан Милошевиќ непосредно пред да падне од власт, во Октомври 2000 година.

Милошевиќ барем стигна до Хаг, додека пак Мицковски се чини дека нема да стигне ниту до Брисел на некој состанок.

Но, на се има крај. Иако Мицковски најавува нов почеток, во суштина тоа е почеток на неговиот крај . Национал шовнистичката реторика се чини дека го наведоа да се заплетка од еден чвор во друг, од една грешка во друга, така што неминивно следува неговиот спектакуларен пад. Секојдневните рекации од офцијална Атина веќе предупредуваат дека на претстојниот самит на НАТО , Господинот Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитувањето на Преспанскиот договор од страна на новата влада во Северна Македонија.

Пред три дена на една дебатна емисија Господинот Ивица Боцевски,инаку преставник на престедателскиот кабинет на Силјановска беше запрашан како на претсојниот самит на НАТО ќе биде преставена државата од страна на преставниците на Северна Македонија? Дали ќе ја нарекуваат Македонија, Северна Македонија или „нашата земја“?

Боцевски одговори дека Господинот Мицковски која на самиотот на НАТО ќе се појави во својство на премиер, ќе бил кративен и ќе смислел нешто! Добро прашање од страна на новинарот, луциден одговор од страна на Боцевски. Останува да видиме и да чуеме каква ќе биде креацијата на новот премиер Мицковски. Чинам дека навистина ќе му требаат магионичарски способности за да излезе од пеколниот круг во кој и самиот се затвори.

Слични Објави