| |

Одбележуваме 60 години од раѓањето на големиот бугарски актер Петар Попјорданов-Чочо

На денешен ден одбележуваме 60 години од раѓањето на познатиот бугарски актер Петар Попјорданов, потомок на војводата Миле Попјорданов и солунскиот атентатор Орце Попјорданов. Во 1989 година Петар Попјорданов кој е познат како Чочо, дипломира на филмската академија во Софија во класата на професорите Крикор Азарјан и Тодор Колев.

Бил дел од трупите на театар Софија, Мал градски театар ,,Зад каналот” и Народниот театар ,,Иван Вазов”. Неговите најпознати улоги се изведени во претставите ,,Х’шове”, ,,Сон во летна ноќ”, ,,Во полите на Витоша”, ,,Бурата” и др. Во претставата ,,Х’шове” го толкува ликот на Македонски.

Чочо Попјорданов остава неизбришлива трага на филмското поле со неговите улоги во играните филмови ,,Вчера” , Адио Рио”, ,,Љубовното лето на еден љохман”, ,,Граница”, ,,После крајот на светот”, играните серии ,,Дунав мост”, „Хајка за волци“, „Под прикритие“ и др.

Чочо Попјорданов умира на 5 мај 2013 година по тешка повреда, здобиена по пад од високо. Посмртно е награден со наградата ,,Икар” на Сојузот на бугарските артисти.



Слични Објави