ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ЗНАЕ КОЈ МУ ПОМОГНАЛ НА ГРУЕВСКИ ДА ИЗБЕГА
Обвинителката Вилма Рускоска информираше дека во наредните две недели ќе излезат со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава.
Вчера во јавоснот излезе новинарска видео снимка каде се гледа како Груевски слободно се шета и посетува ресторани во Будимпешта.
Груевски пред еден месец избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Со помош на унгарски дипломати, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.
Таа најави и испрашување на лица кои се видени со него на видеа или фотографии кои се објавени од Будимпешта како онаа на новинарот на британски „Гардијан“ од пред неколку дена.
Во врска со барањето за екстрадиција на Груевски, министерката за правда Рената Дескоска рече дека засега немаат ништо ново од Будимпешта но и дека роковите за одговор не се изминати.
