ГДУ: ДАЛИ ШТИП ЗАГУБИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА?
По чија вина Штип изгуби 10 милиони евра, прашуваа денес на прес конференција од локалниот огранок на Граѓанско демократската унија:
„Пред две години аплицирано е за проект, изготвување на техничка документација за прочистителна станица , реконструкција на канализациона мрежа , и реконструкција на колекторски ситем за приоритетните градови Штип и Велес. Истиот е финансиран од ИПА фондовите со два милиони евра и е одобрен и завршен. За во втора фаза преку ИПА два да се започне со реализација на истиот и Штип како приоритетен да добие 10 милиони евра.
Средства кој би послужиле за поквалитетен и подобар живот на граѓаните на Штип во делот на животната средина. Прашањето е следното: Дали средствата за проектот се пренасочени во Тетово и Битола, наместо приоритетните Штип и Велес. И доколку е тоа така, зошто“, праша Борче Пачемски, претседател на ГДУ – Штип.
На истата прес конференција од ГДУ имаа уште едно прашање за општинските власти:
„Дали на територијата на град Штип има мерна станица за квалитетот на воздухот , дали функционира и дали се има податок каков воздух дишеме во Штип“, праша Пачемски.
На прес конференцијата на ГДУ, од општина Штип одговорија со писмено соопштение:
„… Општина Штип има комплетно готова проектна документација за изградба на прочистителна станица и во моментот е на прво место на листата за добивање на средства за изградба на истата.
По преземањето на локалната власт од страна на градоначалникот Благој Бочварски, измината година општините Тетово и Битола беа со готова документација, додека Штип беше во завршна фаза.
По доаѓањето на власт, градоначалникот Бочварски , се заложи за поставување на мерна станица за квалитетот на воздухоткоја денеска покажува дека Штип е еден од најчистите градови во Република Македонијасо 6 микрограми/m3 од дозволени 50…“,стои во реакцијата од Општината.
Извор: ТВ Стар

