| |

Граѓанска иницијатива во Софија: Бараме обнова на Мемориjалот на I и VI пешадиски полк

На 11 јули (четврток) пред зградата на општината на бугарскиот главен град Софија со почеток од 9 часот локално време ќе се одржи граѓански собир со барање градоначалникот Васил Терзиев да се откаже од својата одлука за запирање на повторната изградба на Меморијалот на I и VI пешадиски полкови.

Настанот во социјалната мрежа Facebook e создаден од тимот на бугарскиот портал за историја, култура и геополитика „Војна и мир“ чиј креатор и главен редактор е пријателот на порталот Трибуна Георги Драганов.

„Седницата на општинскиот совет на градот Софија е отворена за граѓаните“, велат организаторите на граѓанскиот собир.

„Враќањето на сеќавањето за речиси 3.000 херои на Софија и на Шоплук, кои загинале во одбрана на татковината, се откажува со аргумент дека споменикот требало да биде поставен „далеку од градската врева“. Но, кому му е потребен споменик на хероите на Софија, оттурнат, скриен, обраснат со плевел? Каде на друго место може да биде споменикот што ги велича хероите на главниот град и нашата татковина, ако не на централно место, да го видат жителите и гостите на нашиот главен град?
Самосиндикалната одлука на градоначалникот е во спротивност со одлуката на Општинскиот совет од 18 декември 2014 година за реставрација на споменикот.
Политичката волја за реставрација на споменикот постои одамна. Општинскиот совет веќе донел одлука тоа да се случи. Досега се одржани два конкурси, за жал без резултат, поради „недостаток на доволно добар архитектонски проект“, или барем ова е официјалниот аргумент за прекин на конкурсите.
На 15 мај 2024 година, третиот последователен конкурс беше успешен. И покрај стотиците позитивни мислења, граѓанско одобрение и одлуките на Општинскиот совет, градоначалникот Терзиев сам ја прекина и оваа постапка, што е видливо од приложеното решение!
Заедно да изјавиме дека сакаме споменикот на нашите херои да се обнови што поскоро! Споменот на речиси три илјади наши предци мора да воскресне! Ве очекуваме!“, стои во повикот на организаторите на граѓанскиот собир.

Слични Објави