Одбележуваме 60 години од раѓањето на познатиот пејач од Благоевград Димитар Димитров-Градевеца
На денешен ден се навршуваат 60 години од раѓањето на колоритниот пејач од Благоевград Димитар Димитров – Градевеца!
Градевеца е роден на денешен ден – 31.07.1964 година во селото Градево, општина Симитли. Димитар Димитров беше познат во целиот регион како пејач со огромен репертоар од македонски фолклорни песни и како човек со големо срце и неповторлива смисла за хумор.
Учествувал во голем број радио и телевизиски емисии, одржал стотици концерти во Бугарија и странство. Димитров бил солист на Ројал бенд- Благоевград, Ансамблот на ДНА Благоевград, Ансамблот „Илинден“ на Синдикалниот дом на културата.
Димитар Димитров- Градевеца почина на 4 ноември 2020 г. во Благоевград од КОВИД-19.
