| |

ДИМИТРОВ И ПОМОШНИКОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ ФОН ЛОРИНГХОФЕН РАЗГОВАРАА ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛИЈАНСАТА

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше средба со Помошник на Генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Арндт Фрајтаг фон Лорингхофен кој престојува во работна посета на Република Македонија.

Средбата беше искористена за размена на информации поврзани со пристапниот процес на Република Македонија за членство во НАТО, при што беше искористена можноста за идентификување на можностите и начините за зајакнување на соработката со Алијансата.

На средбата двајцата соговорници ја констатираа досега успешната соработка, подвлекувајќи ја важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, кој е особено важен за Република Македонија, кога се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство на земјата во НАТО.

Слични Објави