|

(Видео) Дајте му медал на човекот! Ги спасил Македонците да не слават во ист ден со Бугарите

Поранешниот пратеник од редовите на Либералната партија Зоран Крстевски треба да добие државно одликување. Како што станува јасно од краткото видео што следи, Крстевски е главниот „виновник“ референдумот за објавување независност од СФРЈ на тогашна СР Македонија да се одржи на 8 септември, наместо на 6 септември, како што требало според тогашните законски одредби.

За да не дојде до ситуација Бугарија и сегашна Република Северна Македонија да слават во ист ден, соодветно Ден на Соединение и Ден на Независност, визионерски се поставил г-нот Крстевски. Токму поради таа причина, сметаме дека му следува највисок државен медал.

Извор: Изгрей, зора на свободата

Слични Објави