ДИМИТРОВ ДОБИ МЕДАЛ ОД ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР ТОМАН
Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.
Во таа прилика на МНР Димитров му беше врачен медал од чешкото Министерство за надворешни работи по повод 25 годишниот јубилеј од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, а се разговараше за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и поддршката која ја добива на тој пат од Република Чешка, како и за можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка во областите од заемен интерес, со акцент на економската размена.

