(Видео) БНТ- Благоевград со благодарница од Друштвото за бугарско-албанско пријателство во Корча
БНТ-Благоевград на официјална церемонија во градот Корча доби благодарница за партнерството со Друштвото за бугарско-албанско пријателство во Корча. Признанието за телевизискиот центар е во врска со емитувањата на емисиите Znanie.BG и Линија Култура и репортажите што екипата ги снимила во градовите Корча и Поградец.
Делегацијата на БНТ-Благоевград ја посети и локалната телевизија во албанскиот град Корча, на покана на Друштвото за бугарско-албанско пријателство, jaвува преку својот facebook профил Знание.бг. Од таму наjавуваат дека во следните изданија на емисијата Znanie.BG ќе бидат претставени теми поврзани со бугарскиот идентитет, култура, традиции и образование, кои луѓето со бугарска самосвест во Албанија ги чуваат и развиваат.
Раководителот на БНТ-Благоевград, Добрина Богданова, учествуваше во различни емисии на локалната телевизија раскажа повеќе за активностите на регионалниот центар на БНТ во Благоевград.

