Одбележуваме 146 г. од раѓањето на охридскиот војвода на ВМОРО Христо Узунов
На 22-ри октомври 1878 г. во Охрид е роден војводата и реонски началник на ВМОРО и учител ХРИСТО ДИМИТРОВ УЗУНОВ. Татко му е долгогодишен учител и борец за независна црква заедно со Григор Прличев. По завршувањето на основното училиште во родниот град учи во Бугарската машка гимназија во Солун, каде што е привлечен кон ВМОРО од Даме Груев. Потоа станва бугарски учител во Охрид. На 5-ти август 1898 г. Методи Патчев, со помошта на Христо Узунов и Кирил Прличев го убива во центарот на Охрид србоманот Димитар Грданов, во чија што куќа е отворено србско училиште. Х. Узунов, заедно со сомислениците, е затворен и лежи 9 месеци робија. Од 1902 – 1903 г. е повторно затворен во Битолскиот затвор. Со излегувањето од затворот станва член на Околиското раководно тело и го зазема местото на тукушто убиениот охридски војвода Тома Давидов од Ловеч. Х. Узунов е делегат на Смилевскиот конгрес и е избран за член на Охридското горско револуционерно началство и началник на сите воени сили во охридскиот реон и зема учество во борбите при Сирулски рид и село Куратица против турската војска за време на Илинденското востание. По востанието од неговите записки јасни се имината на сите 478 загинати во Охридско и Струшко. На Прилепскиот конгрес на ВМОРО од 1904 г. е определен за организатор и ревизор на четите в Охридско, Струшко и Кичевско. Во повостаничкиот период, Узунов обиколува со четата и во Кичевско и главно се бори со представници на србската вооружена пропаганда. Ноќта меѓу 23-ти и 24-ти април 1905 г. четата на Христо Узунов и Петар Георгиев е обкружена од турски аскер во с. Цер. Од кога ја потрошват целата муниција, Христо Узунов пиши предсмртно писмо, и заедно со своите 12 четници, меѓу кои што и војводата Ванчо Србаков, решават да се самоубијат, така што не допуштат Турците да ги фатат живи.
“Ете како раскажува за настанот во с. Цер капитан Еторе Лодди (во својот извештај од 28-ми април до италијанскиот воен агент полковник Енрико Албера):
„На 23-ти апил командантот в с. Прибилци поручик Изет, дознавајќи, дека една Бугарска чета од 15 души, предводена од некој си Ванчо од кичевското село Вранештица, отишла кон с. Цер приквечер на 23-ти овој месец, концентрирал на тоа место војски, испратени од с. Прибилци и Крушово. При разденување, на другиот ден, селото било целосно заградено…“
Извештај до командирот на џандармерискиот полк во Битола, испратен на 12-ти април от заменикот на командирот на осмата чета поручик Изет:
„Познато Ви е, дека одев во Крушово, за да ги исплатам платите на единиците од мојата поверена чета. Таму се доби известување од нашиот информатор, дека една петнаесеточелна Бугарска чета се појавила во селата Журче и Бирино, така што после се префрлила на друг крај. Во тоа последно место таа не успеала да се задржи за долго. Нејзините траги, меѓутоа, се губеа тука. Последователно се установи, дека таа минала низ селата Годивле и од таму низ Селце, каде што осум души Бугари биле лошо пребиени од нивните луѓе, кои што набрзо го напуштиле последното село. Макар и да намеравав од почеток да заминам лично за Селце, за да се информирам на самото место, нашиот набљудувач ме разубеди во тоа, така што ми кажа, дека востаниците дебнат и дека нивното фаќање е тешка работа.
В недела утрото, рано, набљудувачот пак дојде кај мене и ми сообшти со најголема увереност, дека истата чета минала низ Арилево, а приквечер од таму во Цер. Тој ме замоли настојчиво да не сообштувам за тоа никому од чиновниците, затоа што Бугарите, разполагат со многу шпиони меѓу населението, можеа да го дознат и да го олеснат бегството на востаниците“…“

