| |

СПРЕЧЕН ОБИД ЗА НАСИЛЕН ВЛЕЗ ВО КАСАРНА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- НАПАЃАЧОТ РАНЕТ

Војникот што бил на стража во касарната „Гоце Делчев“, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.

Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.

Од Министерството велат дека лицето е погодено во петицата на десната нога и согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот. 



Слични Објави