ДЕРКОСКИ ВЕРУВА ДЕКА ЦЕНЗУСОТ ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТ И ВО НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА
Верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата, ќе биде исполнет потребниот цензус и дека ќе имаме чисти избори како предуслов за многу други работи кон кои се стреми нашата држава, истакна претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.
На прес конференција што се одржа во печатницата „Киро Дандаро” во Битола, претседателот на ДИК посочи дека очекува изборниот ден да биде ист и чист демократски, така како што тоа беше на 21 април во првиот изборен круг.

