(Видео) На Божик Тито го започнува масакрот врз македонските Бугари
Убиените во масовни гробници, за убијците – споменици. Тоа не се случило во Белорусија, а уште помалку во некаква далечна африканска диктатура.
На Балканот слободата чини многу скапо, а Македонија ја платила највисока цена.
За неа раскажува документарниот филм на агенцијата БГНЕС „Диктат: Убиствата на српскиот режим во Македонија“.
“Убиј го непријателот!” – Ова го прави на крајот на 1944 г. насилно наметнатата нова власт во Скопје. Таа го прогласува сопствениот народ за непријателски. Стотици загинале во јануарскиот терор од 1945 година, познат како „Македонски крвав Божик“. Прво ги убиле неудобните, а потоа се наметнал мирогледот: Сакајте го поробувачот, мразете ги своите предци!
„Да не забораваме дека овие луѓе никогаш не се изведени пред лицето на правдата. Ги убиле на најодвратниот можен начин, затоа што некој тогаш така одлучил. 70 години слушаме митологија“, вели Георги Трендафилов од Велес.
Југословенскиот диктатор Тито им дава задача на едни од своите најверни насилници – Светозар Вукмановиќ – Темпо и Милован Ѓилас. Списоците со луѓето што треба да бидат ликвидирани ги подготвил македонскиот комунист и србоман Лазар Колишев(ски). Неговиот татко бил бугарски ополченец, а самиот Лазар му напишал писмо на цар Борис III во 1941 година, во кое се изјаснил како Бугарин. Лазар барал да му се укине смртната казна изречена за неговите комунистички активности. Царот на Бугарите го исполнил барањето, а Колишевски накратко бил во бугарски затвор. И неговите жртви лежат, но во близина на Скопје, Велес, Штип, Прилеп, Битола и десетици други градови и села во Македонија, во масовни гробници, од кои до денес само една е целосно откриена.
Не може да има „верзии“ на вистината, а не може да има и „различно гледиште“ за коските на мртвите, бидејќи лагата има рок на траење.
Колишевски го режирал масакрот под капата на Одделот за заштита на народот или ОЗНА, белградската тајна полиција, подоцна позната како УДБА. Илјадници невини гинат од нејзина рака преку измислени обвиненија. По наредба на Темпо биле избрани учители, свештеници, лекари и градоначалници. Обичните луѓе се прогласени за „народни непријатели“, „предавници“ или „соработници на окупаторите“. ОЗНА е единствениот (псевдо)закон и суд. Десетици илјади биле испратени во концентрациони логори.
Луѓето кои денес се сеќаваат на грозоморните злосторства можат да се избројат на прсти. Наследниците на убиените во Македонија не ја знаат судбината на нивните дедовци, татковци, браќа или братучеди. Жртвите во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна најдоа мир затоа што се паметат. Овде, сепак, морничавата носталгија по ропството ја измива крвта на предците.
„Имаше периоди во кои се трудевме да бидеме независни, денес за жал повторно сме под диктатот на нашиот северен сосед Србија“, вели охриѓанецот Лупчо Куртелов.
Досиејата на УДБА сѐ уште не се обелоденети, архивите се недостапни.
Никој не зборува за етничкото чистење извршено врз Бугарите и за присилната македонизација извршена по наредба на Тито. Но, не сите ја заборавиле судбината на тие жртви што Македонија ги направила пред вистинскиот окупатор…
„Не може вечно да биде така. Сакам повеќе храброст, да кажат кои биле нивните татковци и дедовци, да не се плашат повеќе! Колку повеќе се плашат, толку повеќе ќе владеат овие овде“, вели прилепчанецот Христо Михајлов.
