| |

Првата Бугарка во светскиот професионален бокс им помага на настраданите од пожарите во Лас Вегас

Првата Бугарка во светскиот професионален бокс и трикратна светска шампионка Деси Кирова, позната како Дејзи Ланг, одби да биде евакуирана од пожарот кој со денови беснееше во Лос Анџелес. Таа заедно со нејзиниот партнер Тејлор, се вклучи во битката со огнениот пекол, јавува БНР.

„Кога е потребно, им носам вода и храна на ветераните низ тешко проодните места. Мојот џип успева да помине низ овие места“, рече таа. Поради пожарот, кој беснее од 9 јануари, многу жители на Лос Анџелес беа евакуирани од своите домови.

„Моите успеси во спортот не се титулите што ги имам, туку фактот дека научив да бидам силна во тешките моменти и да не се откажувам, каде и да сум, никогаш не се откажувам!“, сподели Дејзи Ланг. Таа се уште не се вратила во својот дом кој се граничи со опожарените области, но е среќна што нејзиниот дом е спасен.

Во октомври 2024 г Деси Кирова, која повеќе од 20 години живее во САД, се врати во Бугарија за да го добие своето прво национално признание на церемонијата за 100-годишнината на бугарскиот бокс.

Слични Објави