ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ТЕТОВО, ЗАГИНА 18 ГОДИШНО МОМЧЕ
Осумнаесет годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 22 часот и 30 минути во близина на тетовската касарна.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, до несреќата дошло поради судир на две возила, едното марка „ауди“ кое го управувал 17 годишник и „рено меган“ што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на возраст од 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје.
