| |

ДВ: Дали Србија употреби сличен звучен топ како Романија во 1989 година?

Поранешниот раководител на романското воено обвинителство Каталин Ранко Питу, вели за Дојче Веле дека звучното оружје, наводно, користено за време на масовниот протест во Белград на 15 март, било слично на она што го користел режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску за време на романската револуција во декември 1989 г. Таа револуција го предизвика и падот Чаушеску и крајот на комунистичкиот режим во земјата.

Тој за ДВ изјави дека истиот тип на манипулација со звукот бил користен за време на масовниот митинг за поддршка на Чаушеску организиран од комунистичкиот режим во Букурешт на 21 декември 1989 година.

„За време на овој митинг, романски војници од специјализирана единица за психолошки операции интервенираа со помош на магнетофон што пушташе звуци со ниска фреквенција преку звучниот систем“, изјави Питу за ДВ.

Овој момент го означи почетокот на романската револуција во Букурешт. Следниот ден Чаушеску избегал од главниот град. Три дена подоцна бил фатен и погубен три дена подоцна, на Божик, во Тарговиште.

За време на револуцијата во Романија загинале околу 1.200 луѓе, а околу 4.000 биле тешко повредени.

Целата сторија прочитајте ја на Дојче Веле.

Слични Објави