По повод Благовец ученици од Крупник со прекрасен гест кон возрасните луѓе од нивното село
Ученици од Клубот по интереси во рамките на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ село Крупник, Бугарија, со благородна акција по повод големиот христијански празник Свето Благовештение (Благовец). Во Бугарија празникот се прославува на 25 март според Новојулијанскиот црковен календар.
Учениците заедно со нивната ресурсна учителка Гергана Ралинска посетија возрасни луѓе во селото и ги почестија со јадења, кои самите тие ги потготвиле за време на своите активности во клубот по интереси. Помошници во спроведувањето на оваа благородна мисија на малите готвачи биле кметот на селото Александар Равначки и г-ѓа Бојка Златинова.
„Во својот вистински гест на љубезност кон постарите луѓе од селото, учениците ги посетија во нивните домови и ги послужија со нивните вкусни гозби, кои ги подготвија за нивниот најважен испит – да дадат добрина“, стои во објавата на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ по повод оваа убава иницијатива на учениците и нивната учителка.
.
