| |

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА Ф.С.(56), РЕГИСТРИРАЛ ВОЗИЛО СО ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(56) од кичевското село Трапчин Дол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ,,измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 16.10.2015 година изнел лажни податоци дека е повратник од странство и извадил потврда од Одделението за управни работи во Кичево, по што му била издадена согласност за регистрација и биле обезбедени потребни документи за регистрација на возило.

Кривична пријава за Ф.С.(56), регистрирал возило со лажни податоци

Слични Објави