П.КОЛЕВ: ГРАЃАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД СИСТЕМОТ, МАКЕДОНИЈА Е НАЈБИРОКРАТСКАТА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ
Граѓаните се разочарани од системот- истакна во емисијата Отворено студио 1 на 1тв претседателот на ГДУ Петар Колев.
Оваа влада нема волја да се справи со проблемот на бирократијата-додаде Колев. Според Колев Македонија е најбирократската земја на светот. Ако сакаме реформи, треба да се направи и реформи во администрацијата, но кратењата треба да почнат од врвот на пирамидата- вели Колев. Претседателот на ГДУ повторно истакна дека бројот на пратениците треба да биде намален на 90.
Колев истакна дека ако дојде до промена на изборниот модел, нема да бидеме сведоци на моменталните политички пазарл’ци.
