ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ЛИКОВЕН СИМПОЗИУМ „СТРУГА 2019″
Во Културниот Центар „Браќа Миладиновци” во Струга во тек е меѓународниот ликовен симпозиум „Струга 2019″, на кој учествуваат 30-тина реномирани уметници од 15 држави. Куратор на симпозиумот е уметникот Верим Зендели заедно со координаторите: Теута Хоџа Имери, Кристина Затуровска, Берат Зулбехари, Дренуета Бериша.
Во рамки на манифестацијата на која учествуваат уметници од Франција, Индија, Романија, Украина, Хрватска, Литванија, Србија, Велика Британија, Полска, БиХ, Египет, Турција, Косово, Албанија и Северна Македонија, ќе биде организирана тркалезна маса на која ќе се дискутира за состојбата на ликовната уметност воопшто. Здружението за култура и уметност Силиндарт во соработка со Енгравист од Истанбул, на 29 јуни ќе организира Меѓународна графичка изложба насловена „Културно наследство” на која ќе бидат презентирани дела од колекцијата на Енгравист, а на 30 јуни, пак, ќе биде отворена изложба на дела реализирани во текот на ликовниот симпозиум.
Настанот е во организација на Здружението за уметност и култура Силиндарт со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Струга.
