Мицкоски и синдромот на Белград
Пишува: Илија Стојановски
Наместо да мисли за стратешката корист на државата, премиерот Мицкоски ја продолжува традицијата на ВМРО-ДПМНЕ: слепа верност кон Белград. Каде што Србија гледа интерес – таму оди и Македонија. Коридорот 10 е приоритет за српската логистика и влијание. Коридорот 8 е закана за тоа.
Токму затоа се случуваат и сите тие саги околу Коридорот, којшто го градиме веќе неколку децении и никако да го изградиме. Србофилијата на Мицкоски не е случајна. Тоа е политичка доктрина претворена во навика. Затоа тој нема храброст да инсистира на реалните интереси на државата. А што е поудобно – наместо да го брани суверенитетот на Македонија, едноставно да следи туѓи приоритети и да го нарекува тоа „успех“.
Најголемиот дел од британскиот заем ќе оди за проекти што служат туѓи интереси. Парите ќе бидат потрошени, највеќе во интерес се разбира на Белград и манијата за брзи возови, што го тресе Вучиќ. Колку побрз да биде возот, ако сметката за истиот биде наплатена од Македонија. Курсот е јасен, а Мицкоски, наместо да го промени овој курс, само притиска на гасот.
Каде одиме? Одговорот е едноставен, одиме по пат што не е изцртан во Скопје туку во Белград. За Лондон ич да не се секирате. Тие биле и останале империја. Ние сме тие, кои треба да се запрашаме: Имаме ли снага барем еднаш, да направиме нешто за наш сопствен интерес и за наша факторизација.

