|

Одбележуваме 81 година од смртта на царот на чоколадото Аврам Чаловски, еден од најзначајните бугарски индустријалци и дарители

На 3-ти ноември 1943 г. во Софија умира царот на чоколадото АВРАМ МИНОВ ЧАЛОВСКИ, еден од најзначајните бугарски индустријалци и виден дарител.

Роден е 1854 г. во с. Галичник. По ослободувањето на Бугарија и формирањето на кнежеството во 1878 г. А. Чаловски како и многу други македонски Бугари емигрира во бугарската престолнина Софија. Штом пристигнал започнал да го вади лебот продавајќи боза на улица. Во 1898 г. тој ги вложил своите пари во работилница и со еден работник започнал производство на алва. Работилницата била наречена “Индустриска куќа за производство на шеќерни продукти, растителни масла, таан, какао, чоколада, бисквити, карамели и сл“. Работилницата прерасна во фабрика во следните неколку години и постана првата бугарска фабрика за алва, која покасно стана официјален снабдувач на Бугарскиот царски двор. Во 1921 г. отворил втор клон во Бургас со фабрика за рафинерија на шеќер. Во 1929 г. А. Чаловски ја отворил фабриката за слатки и растително масло во Бургас. Во 1939 г. А. Чаловски отвора уште една фабрика на софиската станица Искар. Ова фабрика произведува растително масло, гликоза и нишесте. Фабриката има и сопствена печатница за етикети и рекламни материјали за сите производи на фабриките на Чаловски. На меѓународните панаѓури во Милано, Лондон, Атина наградуван е со медали. Познат е и со широката дарителска дејност. А. Чаловски прави големи даренија за манастирите Јован Бигорски, Зографскиот, Рилскиот…

Негов син е револуционерот и деец на ВМОРО Евстатиј Чаловски, роден 1885 г. во с. Галичник, кој умира три месеци пред татко му. На неговиот погреб на софиските гробишта одржан е говор од Кирил Христов од Битола, представник на Илинденската организација.

“Присуствуваме на последните целиванија на еден од најиздигнатите бугарски граѓани, на еден од најдостојните представници на македонските Бугари, кои зеле активно учество во изградбата на материјлната култура на бугарската држава. Кога македонскиот Бугарин го разви знамето за своето ослободување, Евстатиј без да гледа на материјалното суштествување и благата кои неговите родители му ги спечалиле, на 17 годишна возраст го грабнал оружјето и со пушка на рамото како најобичен четник ја пребродува целата македонска земја. Тој зема учество во страшните битки во кои загинале достојни наши браќа, се враќа неколку пати во слободната бугарска земја, каде се формират наново четите, а неговите родители умират од страв по својот уште малолетен син. Во ужасната пролет 1904 г. по 39 дневно патување, придружувани на секоја стапка со опасност за живот, четата пристига во с. Тресонче, каде се пресретнати на најтрогателен начин од месните Бугари. Без да го губи присуството на духот, безстрашен тој броди по сите рекански села и се сретнал со самиот Дамјан Груев и со своето умение и тактика станва причина да биде избавен од заробеништво самиот апостол на македонската револуц. организација – Даме.

Многу рано тој си замина од овој свет! Илинденците се поклонуваат пред неговата светла памет! Бугарија губи еден од најдостојните свои представници, а загубата која ја претрпи неговото семејство е неизречива. Да може собирателното друштво „Аврам Чаловски“ да го продолжи својот безпрекорен успех за чест и пофалба на бугарската индустрија, на која тој беше еден од најдостојните представници.“

ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН, 1943 г.

Слични Објави