(Видео) Нешков: Ако Македонија беше навистина независна држава, таа одамна ќе беше дел од ЕУ
Вучиќ и неговиот режим се наоѓаат таму, каде што се од 120 години.Српскиот хегемонизам, т.е. идејата дека ако има еден Србин или замислен Србин, тоа му дава право на режимот во Белград, да користи секакви алатки за агресија, вклучително и геноцид. Ова го изјави Љубчо Нешков,основач и сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС во подкастот Геополитиката на Бугарската национална телевизија со водител Симеон Иванов.
Нешков додаде дека во моментот во Србија веќе седми месец продолжуваат протестите против Вучиќ, во кои се вклучени жители на повеќе од 400 градови во Србија. Нешков потсети дека ова не се први протести против Вучиќ и подвлече дека српскиот претседател никогаш не добил избори на демократски начин.
„Тој никогаш не ги добил изборите во Србија на праведен и слободен начин. Станува збор за брутален режим“, вели Нешков.
Сопственикот на БГНЕС е дециден дека режимот во Србија ги дестабилизира и соседните земји, спомнувајќи ги Црна гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Во однос на РС Македонија и нејзиното однесување кон Бугарија,Нешков истакна дека тоа што случува не е изворна македонска политика, туку рецидив на српскиот хегемонизам.
„Тоа што се случува во Македонија, во Скопје, дали е Мицкоски, дали е Заев, дали е Димитар Ковачевски, дали е Бранко Црвенковски… Тие никогаш ништо немаат измислено. Едноставно тоа се децата на српскиот хегемонизам“, изјави Нешков додавајќи дека македонизмот не е творба на Коминтерна, бидејќи како што вели новинарот, тие дури немале капацитет да го измислат иако го имаат прифатено како идеологија.
„Таткото на македонизмот не е Коминтерна туку Стојан Новаковиќ. Во 1887 г. е создадена таа идеологија и разоткривањето на истата не е направено во Софија, Париз, Истанбул итн, туку од Климент Џамбазовски во Скопје во 1961 г.До тој датум, ниту еден научник, ниту еден политичар или аналитичар не знаел, кој е авторот на таа идеологија “, вели Нешков.
Во однос на Србија и нејзиното наметнување како фактор на стабилност на Балканот Нешков е дециден дека бугарските политичари имаат задача да ги образоваат европските партнери, за ризикот од таквите тврдења.
Во однос на прашањето на водителот дали може да се гледа на Мицкоски како некаква смалена верзија на Вучиќ, Нешков ги даде за пример инфраструктурните проекти што се приоритет за РС Македонија, немањето пари за Коридор 8 и задолжувањето од повеќе од 2 милијарди евра за поврзувањето на Србија и Грција преку железничка пруга на територијата на Република Северна Македонија.
„Тоа е Српскиот свет, инфраструктурно, економски и политички. Се е пред нас. Запирање на евроинтеграциите. Ако Македонија беше вистински независна држава… таа чека од 2005 г. Таа можеше да стане дел на ЕУ пред нас! Зошто не станува? Затоа што не е независна. Мене навистина ми е тажно за луѓето во Македонија, бидејќи сиромаштијата е ужасна, тонат економски, а во моментот и ги задолжуваат“, вели Нешков.
Што уште кажа новинарот и сопственик на БГНЕС погледнете во видеото што следи:
