| |

АЛИ АХМЕТИ ЈА СПОРЕДИ ДУИ СО ШИН ФЕЈН, A ОНА СО ИРА

„ Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. Но и ние треба со фанатизам и со голема посветеност да ги зачуваме и збогатиме овие вредности, но да не ги засрамиме ни нашите предци, ниту нашите соборци, затоа што човек од лакомост може да направи и погрешни потези, но ние секогаш треба да го имаме компасот затоа што потекнуваме од една организација и механизам што има пролеано крв и безбројни жртвувања“, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети во рамките на неговото обраќање на Изборното собрание на ДУИ во Сарај. Изјавата на Ахмети доаѓа по серијата бомби објавени од извесен Ел Чека, во кои главни херои се самиот лидер на „интегративците“ и други високи функционери на ДУИ.

Слични Објави