| |

Украина, Романија и Молдавија со заедничка иницијатива за сајбер-безбедност

Во украинскиот град Чернивци се одржа трилатерална експертска средба посветена на создавање иницијатива за регионална соработка во областа на сајбер-безбедноста, јавува БГНЕС.

На средбата учествуваа претставници од Романија, Молдавија и Украина. Според директорот на Националната агенција за сајбер-безбедност на Романија, Дан Цимпјан, формирањето на кибер-коалиција ќе ја зајакне отпорноста на регионот и ќе помогне во процесот на европска интеграција на Молдавија и Украина.

Иницијативата е отворена и за други земји, како и за јавни и приватни организации. Целта на кибер-коалицијата е воспоставување механизам за спротивставување на хибридни закани, вклучително и обиди за злонамерно влијание и мешање од страна на Руската Федерација во сајбер-просторот, соопштија учесниците на средбата.

Слични Објави